АктуелноОхрид

Стружанец уапсен за изработка на лажни дипломи

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 34 годишен Стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

– На 04.06.2024, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени лажни дипломи и компјутер со фајлови за изработка на фалсификувани дипломи, информираат од МВР.