АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Спасено желчето Сребре под мостот од браната кај Св.Петка во Црн Дрим Струга

Утринава околу 6 часот, додека веславме во Дримот, под мостот на браната „Света Петка” во снопот исечени реси натрупани под него, го забележавме ова копнено желче. Којзнае како стигнало и од кога беше заглавено тука, бидејќи веднаш штом не виде почна да се движи кон нас. Желките обично се кријат во својот оклоп штом забележат луѓе. Го спасивме и му дадовме име Сребре. Засега ќе го краси паркот под споменикот на Ристо Крле, после ќе си оди кај што му е ќеиф, истакнуваат од Спортскиот клуб „Соларис“ Струга во својата објава на социјалните мрежи.