Деновиве Охрид е полн со ученици екскурзијанти од целата земја. Охрид е дестинацијата која никако не се пропушта да се посети во рамки на ученичките прошетки и патувања во пролетните месеци, како дел од наставната програма во природа.
Основци и средношколци од сите краеви на Македонија можат да се забележат деновиве како ги посетуваат културно- историските споменици во Охрид, но и на прошетка покрај кејот на езерото.
https://www.youtube.com/watch?v=iii0MUGfh8I&ab_channel=Ohrid1%2FNews1