АктуелноОхрид

Земале пари за да прикријат „сообраќајка“: Бугарка и охриѓанец мамеле постари лица низ Македонија

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишен државјанин од Република Бугарија и 41 годишен Охриѓанец.

-Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, нугарскиот државјанин и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што охриѓанецот одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари, велат од МВР.