Наш изборНаш ИзборОхрид

Приведен маж од Кичево – извршил напад со пиштол

На 28.05.2024 во полициската станица Кичево, извршен е службен разговор со 29 годиѓен маж од кичевското село Црвевци. Тој се сомничи дека на 27.05.2024 во 23.15 часот на улица „Раштански пат“ во Кичево физички нападнал 58 годишен маж од Кичево, по што со пиштол испукал еден куршум. Полициски службеници од ОВР Кичево од него одзедоа пиштол „ТТ“ калибар 9 милиметри и една рамка со 9 куршуми калибар 7,62 милиметри. По целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид