Наш изборНаш ИзборОхрид

Приведен бегалец од затвор, издржува казна од две години и девет месеци

На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од pолициската станица Кичево приведоа 23 годишно лице  од Кичево. Тој бeше баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

извор: СВР Охрид