Разрешениот директор на Кардиохирургија Мајран Шокаровски, смета дека тоа е направено незаконски, а за фантомските пациенти на оваа клиника, за кои обвинија деновиве, вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кои тие го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“.
Потенцира, дека за секој пациент имаат пишан документ, што е и единствена законска обврска.
– Моето разрешување е незаконски, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се разрешува, ниту да се назначува. Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, итно да реагираат. Дополнително, мнинистерот за здравство го разреши координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија при министерството Александра Ефтимова, истовремено ги разреши и го прекина договорот на координаторот за срцева трансплантација при министерството, Адријана Ѓеоргиев. Од тука се наметнува нашето прашање дали се работи за оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад врз јавното здравство. која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна. Кому тоа му одговара? – праша Шокаровски.
Според него, информациите за наводно нестручно работење и висока смртност се со цел да се прикријат вистинските намери на министерот, а пласирани од некоја комисија која ја формирал министерот. Член на комисијата е противкандидат за директорското место на клиниката со што се доведува во прашање неговата компетентност. смета Шокаровски.
За статистиката која ја изнеле од комисијата, тврди дека се случајни бројки, кои се така пласирани за да се покаже состојбата која ним им одговарала. Според него, дури и бројот на операции не е вистинито прикажана, па бројките се намалувани и на половина за одредени месеци.
– Не е точно дека се зголемила смртноста откако јас сум директор, туку вистината е дека незначително се зголемила, а за 20 отсто е зголемена комплексноста на интервенциите – додаде Шокаровски.
– Се појавија информации за фантомски пациенти, тоа не е точно, туку постои техничка грешка од софтверска платформа која ние ја користиме, до „Мој термин“. Единствена законска обврска е пишан документ, а не „Мој термин“, кој не го користат ни приватните болници. Овие пациенти ниту се скриени, ниту фантомски, ниту скриени – додаде Шокаровски, а рече дека проблемот се провлекува од претходно, пред тој да биде назначен за директор.
Проследете ја во живо прес-конференцијата на раководството на државната Кардиохирургија: