понеделник, ноември 18, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Десет златни медали, 2 Пехари за најдобри поединци и Пехар за второ место екипно освои македонската Традиционална Таеквон-до Федерација во Зворник БиХ

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, викендов на25.05 2024(сабота) зеде учество на Меѓународниот  натпревар ГРАН ПРИ Српски Соко 2024″ во Зворник, БиХ, кој е еден од најјаките натпревари за пролетната натпреварувачка сезона, каде се собираат критериуми и рејтинг за учество на Европски и Светски првенства .

Репрезетацијата на М.Т.Т.Ф. беше составена од 17 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии , двајца тренери и две официјални лица. Учество на овај натпревар зедоја над 400 натпреварувачи од 38  клубови од 11 земји од Европа , Италија, Грција, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Романија, Србија, Бугарија и Македонија.  Кокнкуренцијата беше жестока но нашите натпреварувачи кои натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби, направија повторно да се гордееме со нив , освојувајќи 10 златни, 7сребрени и 11 бронзени медали , истотака оосвојувајќи 2 пехари за најдобри поединци, додека во севкупен пласман го освоија пехарот за второто место.

Нашите најдобри поединци  и овај пат го потврдија својот квалитет,  Давид  Крстески, освојувач на брознен медал во борби  од последното Европско првенство во Копер, Словенија, се натпреваруваше две дисциплини  во две возрасни  категории, -63 кг.јуниори 16-17 години,    и  -64 кг.сениори влегувајќи да си ја проба среќата со повозрасни натпреварувачи.  Давид Крстески освои  во неговата категорија 16-17 години, 2 златни, и во борбии во форми со што беше награден и со пехар за, додека во сениори освои златен медал во фроми и сребрен медал во борби. Давид  Крстески  натпреваруваше напоредно на две борилишта во двете категории, немајќи многу време за одмор, иако исцрпен докажа дека е еден од најдобрите  искачувајќи се на пидесталот во двете категории.

Христијана Парулеска истотака по стапките на Давид Крстески  влезе да се натпреварува две дисциплини (форми и борби) во 2 возрасни категории   -55 кг. помлади јуниорки 14-15 години, и  -57 кг.постари Јуниорки 16-17 години, освојувајќи  златен во борби  и бронзен во форми, во категорија14-15 години, и среберен медал во форми јуниорки 16 -17 години. Истотака и Христијана натпреваруваше напоредно на две борилишта во двете категории, но во четвртфинале во повозрасната категорија , преморот ја спречи за можност  да земе уште еден медал. Истотака Хриситјана Парулеска беше избрана и наградена со пехар  за најдобра  помлада  јуниорка 14-15 години.

Елена Јанеска кој овај пат учествуваше и како судија и како натпреварувач, натпреваруваше само во една дисциплина спаринг борби јуниорки 16-17 години -70 кг, иако преморена од судиските обврски, рутински ги совлада своите конкурентки , осовјувајќи го златото во нејзината категорија, со што докажа зошто е една од најдобрите.

Покрај овие натпреварувачи од нашата екипа посебно се истакнаа Анѓелкоски Дамјан , Теодора Тодороска, Миа Танеска, Анастасија Трифуноска, Анастасија Чулческа, Китаноски Даријан.

Можеме да го пофалиме организаторот Мастер Душко Кусмук  за  одличната организација и за квалитетниот натпревар, кој после Европското првенство ,ни беше повеќе од потребен.                                             Сакаме да изразиме благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ, Агенцијата за млади и спорт и Општината Охрид а воедно кориситме прилика да го најавиме Меѓународниот  Таеквон-до ИТФ Таеквон-до ИТФ натпревар ОХРИД ОПЕН  2024″  на 22 ЈУНИ 2024 во спортската сала С.Р.Ц.Билјанини извори , во организација на М.Т.Т.Ф. и ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид, на кој оваа година учество веќе  имаат  најавено повеќе земји и повеќе натпреварувачи од претходните години, со што веќе прераснуваме во еден од поквалитетните натпреаври во регинот, изјавува Марјанчо Лазаревски претседателот на М.Т.Т.Ф

Резултати од нашите клубови кои учествуваа на “ГРАН ПРИ Српски Соко 24””

ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид   5 златни, 4 сребрени, 6 бронзени и                                                                          Пехар за најдобар јуниорка 14-15 години                                                                                                                                                    ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга со 3 златни, 2 сребрени, 1 бронзен  и                                                                             Пехар за најдобар јуниор 16-17 години                                                                                                                                                               ТК “ЧОНЏИ” од Косел Охрид  1 златен, 1 сребрен, 1 бронзен                                                                                                       ТК “МАСТЕР” од Охрид 1 златен, 1 бронзен

ТК “АХИЛИУС” Скопје со 2 бронзени медали