Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков во посета на натпреварите од спортската лига во мал фудбал

Особено сум горд што спортски настани кои се одржуваат уште од периодот кога јас сум бил основно училиште продолжуваат и денес. Дополнително на тоа ме прави горд што младите ги гледам во спортските сали и на спортските терени, што како поранешен спортист ми причинува огромно задоволство.
Денеска ги посетив натпреварите од спортската лига во мал фудбал и ги поздравив учесниците и организаторите. Како покровител на Спортските лиги обезбедив комплет дресови за сите ученици од основните и средни училишта. Мал гест кој дополнително ќе ги мотивира учениците да продолжат да се занимаваат со спорт.