По повод 100 години од почетокот на градбата и преосветувањето на црквата Св. Јован Владимир во с.Подгорци Струга, на ден 4,06,2024 г Ве покануваме заедно да го прославиме овој свет чин со почеток во 8:45ч. на кој ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.г Тимотеј, информираат од Црковниот одбор.
Притоа од таму додаваат дека овој верски настан ќе биде збогатен и со примопредавање на кумството помеѓу стариот и новиот кум, свечен ручек во дворот на црквата како и богата културно уметничка програма, настап на Ефто Пупиноски и КУД „Дримкол“ од Вевчани.