АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Денес ја имаме честа, пред нивниот паметник, како охриѓани и македонци да го славиме споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, на нивната несебична работа и визија

На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит и благодарност на првите апостоли на Словените, кои ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е нашата писменост и културниот идентитет. Денес ја имаме честа, пред нивниот паметник, како охриѓани и македонци да го славиме споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, на нивната несебична работа и визија.
Создавањето на Глаголицата и ширењето на писменоста меѓу Словените значеше почеток на нова ера, .ера во која словенските народи добија можност за образование и духовно воздигнување. Оваа дејност продолжи и се усоврши преку учениците Свети Климент и Наум Охридски, кои токму тука во Охрид го создадоа најважниот културен и образовен центар на средновековниот свет – Охридската книжевна школа. Овој центар не само што бил светилник на знаењето и духовноста, туку и место каде што се создавала и пренесувала словенската писменост.
Како една нова генерација, која се соочува со бројни актуелни промени и идентитетски предизвици, од особена важност е да го чуваме и славиме делото на Свети Кирил и Методиј и да ја почитуваме нивната света мисија. Тие ни покажаа дека образованието и културниот развој се основата на секое општество и дека преку знаењето и мудроста можеме да изградиме подобра иднина за сите нас. Нека Светите браќа продолжат да бидат наша инспирација во сите понатамошни чекори на патот кон подобра иднина, напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.