Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите Рамноапостолни сесловенски Просветители и учители, Солунските Браќа Кирил и Методиј, во бигорскиот скит посветен на Нив, во с. Битуше, во
петок, на 24 мај,
со почетокот во 08:00 часот ќе започне Утрената богослужба.
9:00 часот, ќе се отслужи Света архијерејска Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител.
Во храмот кој се наоѓа во напредна фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите Браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом. По завршувањето на богослужбите, во дворот на скитот ќе се одржи културно-уметничка програма со народни ора и песни.
На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, односно братството на Бигорскиот Манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино.
Христос Воскресе!
Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител