Полициско возило учествуваше во сообраќајната незгода која се случи денеска, нешто по 15:00 часот на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид.
Според првичните, неофицијални информации, незгодата се случила на потегот каде малата улица од „Хексагон“ и „ИБ Фитнес центар“ се спојува со улицата „15-ти Корпус“.
До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата, во која е причинета поголема материјална штета.
ohridpress.com.mk