АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Пецаков: Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите за нивната професионалност, хуманост и пожартвуваност во извршување на работните задачи

Со пригоден настан кој се одржа денеска, Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.
Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите за нивната професионалност, хуманост и пожартвуваност во извршување на работните задачи. Оваа благородна професија е достојна за голема почит и вреднување, затоа што пожарникарите со своето делување при кризни и опасни ситуации, ги изложуваат на ризик сопствените животи.
Општина Охрид континиурано е посветена на обезбедување на подобри услови за работа и зголемување на капацитетот на противпожарната единица. Во текот на изминатиот период беа издвоени значителни средства за набавка на нова опрема за пожарникарите и ваквите активности ќе продолжат и во иднина, напиша градоначалникот Кирил Пецаков во својата објава.