Денес дел од медицинскиот персонал беше вклучен во одбележување на Светскиот ден на хипертензија( покачен крвен притисок). Имавме можност на охриѓани, но и бројни гости на Охрид да им ја потенцираме важноста од рано откривање, адекватно лекување и промена животните навики со цел да ги намалат ризиците од коронарна болест и мозочен удар. Во ваквите активности ги вклучивме и нашите пациенти кои се вклучени во стационарниот програм на кардиорехабилитација. Благодарност до АД Галеб од Охрид кој го овозможи транспорот на нашите пациенти од нашата болница до центарот на Охрид.