Во текот на научните истражувања спроведени во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, утврдени беа бројни интересни факти за пештерите во Паркот. Во претстојниот период, ќе ви презентираме некои од тие факти.
❓📷 Денес, дознајте каде се наоѓа најголемата пештерска сала во Националниот парк Галичица и погледнете неколку фотографии од тоа место направени во текот на истражувањата. 👇👇👇
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го реализираат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.
извор: ФБ Црвен Крст Охрид