вторник, ноември 19, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради кај хотелот Далјан

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 730 метри и тоа:
– Профил ф225 мм во должина од 290 метри
– Профил ф160 мм во должина од 240 метри
– Профил ф110 мм во должина од 200 метри
Средствата во вредност од 4 725 661 денари, за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.