АктуелноОхрид

Превентивна активност на СВР Охрид за безбедни матурски прослави

На 14.05.2024, Отсекот за превенција при СВР Охрид, во рамки на кампањата – „Безбедни матурски прослави“, во Охрид и во Кичево, организираше едукативно – превентивни работилници во неколку средни општински училишта. Притоа, на работилницата наменета за матурантите, полициските службеници, низ интерактивна комуникација, ги запознаваа учениците со потребата од безбедно прославување на матурските вечери, избегнување на користењето алкохол, а посебно околу неуправувањето моторни возила под дејство на алкохол. Исто така во фокусот беше и зачувување на јавниот ред и мир за време на матурските прослави, но и за одговорностите со кои би се соочиле доколку има кршење на соодветните законски обврски и непочитување на законските правила и прописи.

Полициските службеници на сите матуранти им ја честитаа матурата и на учениците им посакаа се најдобро. Оваа превентивна активност наредните денови , ќе се реализира и со матурантите од Струга и Дебар.