Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Прекрасна заедничка средба и другарување

Деновиве во Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебарца, се одржа заедничка средба на четириесетина пензионери идваесетина претставници активисти од македонија-Осигурување Виена Ишуренс груп од Скопје.

Повод за одржувањето на оваа средба беше повеќегодишната и традиционална стратегија на Македонија Осигурување како општествено одговорна организација, во која се вклучени вработените, надвор од своите работни обврски од различен општествено корисен карактер како: еколошки активности, помагање на ранливите категории на граѓани и здруженија, дружба со најмладите но и со највозрасните членови на нашата заедница и донирање на средства за најнеопходните нивни потреби.

За време на средбата активистите заеднички извршија уредување на зелените површини и дворот на пензионерскиот дом во Охрид. Им доставија материјална помош и на станарите сместени во пензионерскиот дом. Заеднички учествуваа во одржување на разни рекреативни спортски активности во повеќе дисциплини.

На општо задоволство ја проследија фолклорната кратка програма на КУД Далги и директно учествуваа со заедничка песна и оро.

Тоа беа незаборавни , многу драги и прекрасни моменти и за едните и за другите учесници, кои долго ќе се паметат. Ваквите средби за нас лицата од третото доба се многу драгоцени, ни влеваат оптимизам, позитивен дух, не развеселуваат и подмладуваат. Многу им благодариме на вниманието и доблеста за ваквата активност , како друштвено одговорна организација и членови во наша Македонија.

 

ЗП Охрид и Дебарца, комисија за информирање