АктуелноОхрид

Приведено 43 годишно лице од Кичево, барано со потеница за издржување казна затвор

На 10.05.2024 во 12.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа 43 годишно лице од Кичево, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од 15 месеци за сторени повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Лицето е предадено за издржување на затворската казна во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“.