АктуелноОхрид

Тешко повреден млад охриѓанец, паднал од моторцикл

На 10.05.2024 во 18.00 часот било пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид 21 годишен жител од Охрид управувајќи моторцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.