Република

Силјановска-Давкова за Балансерот: Ваков изум ниту постоел, ниту треба да постои

Балансерот ја има својата улога ако не се изигрува.Тој не смее да ги рачуна и луѓето кои не живеат овде, односно кои не се резиденти, вели претседателот Стево Пендаровски.

Тие кои според пописот се попишани како дијаспора ги имаат истите права да бараат работа овде под услов да дојдат во Македонија.Има и невидени искривокочувања кои се пишуваат од Македонец Албанец и обратно..Тоа е срамно-смета Пендаровски.

Гордана Силјановска-Давкова е уште појасна и вели дека „ваков изум ниту постоел, ниту треба да постои“.

Не можете да балансирате незнаење и знаење.Можете да балансирате знаење, а потоа потпретставените, ама не само етничките припадници, туку и лица со посебни потреби, жени, ако се потпретставени да имаат предност доколку се изедначени во резултатите..Не може занимање да биде етничката припадност.Тоа е катастрофа.