Наш изборНаш ИзборРепублика

Сајкоски и кандидатите за пратеници положија свежо цвеќе на спомен-обележјето на Христо Узунов

Денес заедно со кандидатите за пратеници Лазе Јакимовски и Жанета Милановска Петревска, како и членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кичево и жителите на с.Цер, положивме свежо цвеќе на спомен-обележјето на Христо Узунов во селото Цер-Кичевско со што ја одбележавме 119 годишнината од смртта на македонскиот војвода и револуционер. (24.04.1905), напиша на својот ФБ профил носителот на пратеничката листа за ИЕ 5 Ѓорѓија Сајкоски.

Во објавата Сајкоски додава:

Неповторливата саможртва која ја дал за слободата на Македонија, како и искреноста со која му пристапил на овој свет долг кон татковината ги надминуваат границите на просечноста затоа и ќе остане запаметен низ историјата.
,,Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. ” -Христо Узунов
Слава му!

извор: ФБ Ѓорѓија Сајкоски