АктуелноОхрид

Апел за помош на Петар

Драги Хумани пријатели,драги наши сограѓани Охриѓани и сите Хумани луѓе од Македонија и од Странство.Знам дека многу од вас ја знаете нашата приказна за мојот син Петар, кој изминативе две години благодарение на вашата Хуманост ,вашата Емоционална и Финансиска поддршка која со зборови неможе да се опише, придонесовте мојот Петар да дојде до последната операција која е закажана за почетокот на Јуни.Поради слаба циркулација во левата нога и големи болки кои не се смируваат н
со аналгетици и неможност да спие по цела ноќ , Докторите пот ИТНО ни закажаа операција за да се ослободи од болката и Деформитет на стапалото.Овие последици со кои се соочуваме, неколку тешки операции се од неговата ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit која за жал многу касно беше откриена.За оваа Операција и физикална и роботска терапија која следува по операцијата потребни се околу 40,000 евра! Операција повторо ќе биде во Истанбул, бидејќи поради неговата болест неможе да е кај нас.Јас како самохрана мајка која долги години ги минувам по болници неможам да ги обезбедам овие средства,но можам заедно со вас мои сакани хумани луѓе уште еднаш заедно да му помогнеме на мојот син Петар да го спасиме од големите болки и да отидеме навреме на операција. Секој изминат ден за него представува тешкотија која со операцијата ќе биде големо олеснување и ќе има голем напредог во неговата здравствена состојба. Вие секогаш стоите зад нас ,ни давате Надеж ,Сила и не Поддржувате на било кој начин.Доколку сте во можност и овој пат помогнете со било каква Донација ,Споделете во поголем број за да може повеќе луѓе да се запознаат со нас! Можете да Донирате на : Трансакциска сметка 270-7000821760.21 Gordana Poposka HALKBANK
Telefoni za Donacija:
T.mob: 143 -161
A1 :143-479