Наш ИзборНаш изборРегион

Последна вест од српските медиуми за малата Данка Илиќ (2) утрово: Нејзиното тело е преместувано повеќе пати?!, пишува БЛИЦ

Во потрагата по телото на Данка Илиќ (2), полицијата почнала со ново пребарување на веќе претресените делови од Злот поради можност некој детал да е пропуштен или соучесниците неколку пати да го преместувале телото на девојчето, дознава „Блиц“.

Во случајот со убиството на Данка Илиќ, истражителите ништо не препуштаат на случајноста, а како што наведува изворот на „Блиц“ ќе се пребаруваат нови области, но и веќе претресени делови.

 

– Тоа ќе биде направено поради можноста некој детаљ да е пропуштен, или некој од соучесниците да го преместил телото со намера да остане скриено – вели изворот на „Блиц“.

За потсетување, полицијата ги проверува сите шахти и акумулации кои се активни или неактивни и природни и вештачки системи за наводнување, бидејќи осомничените за убиството Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ работеле во ЈК „Водовод“ и по природата на нивната работа, добро ги познавалебовие системи.

Како што пишувавме, полицијата ја испразнила септичката јама во дворот на куќата на осомничениот Дејан Драгијевиќ во селото Злот, а потоа во неа влегол багер, а бил прегледан и бунарот кој се наоѓа во соседниот двор.

 

Пожарникарите и спасувачите при претресот испумпувале и вода од блиското мочуриште.

Далибор Драгијевиќ, кој почина ноќта меѓу 6 и 7 април во полициска станица, призна дека му помогнал на својот брат да се ослободи од телото на двегодишната Данка. На полицијата и набројал 20-тина локации на кои можело да се најде телото, но на тие места полицијата не пронашла ништо.

Тој и неговиот брат Дејан дале десетици погрешни локации по кои интензивно се трагало по телото.

 

 

blic.rs