Наш изборНаш ИзборОхрид

Македонската Традиционална Таеквонд-о Федерација (ИТФ) дел од Европската Таеквон-до ИТФ елита во Копер–Словенија

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион , од 15.04 – 22.04 2024 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Копер–Словенија Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и општина Охрид , Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Копер–Словенија. Нашата репрезентација ќе ја претставуваат десет членови од кои три официјални лица, од кои едниот е и тренер и официјлано лице, двајца тренери, и шест натпреварувачи.

 

Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф и национален тренер црн појас V дан Зоран Парулески, потпретседател на М.Т.Т.Ф Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија на М.Т.Т.Ф Давид Велковски, национален тренер црн појас I дан Боите на нашата држава ќе ги бранат:
Христијана Парулеска, црн појас I дан, ќе се натпревараува во јуниорки 14-15 години во две дисциплини , форми црн појас I дан, борби – 55 кг. (државен првак во борби и актуелна Евроспка шампионка од Јесоло-Италија 2023, бронзен медал во борби од Светско првенство од Астана Казахстан2023 година, европска вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.

Давид Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 63 кг. (државен првак во борби и форми , европски вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.) Елена Јанеска, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниорки 16 -17 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 70 кг. (државен првак во борби и форми, европска вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.) Марио Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори 18-35 години во спаринг борби – 58 кг. (државен првак во борби ) Софија Колушоска, црвен појас , ќе се натпревараува во јуниорки 14-15 години во две дисциплини , форми за црн појас I дан, борби – 55 кг. (државен првак во форми ) Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 16-17 години во спаринг борби – 69 кг. (државен првак во борби )

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно , под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас V дан, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи . Тројца од нашата екипа Христијана Парулеска, Елена Јанеска, Давид Крстески се освојувачи на европски медали од Европски првенства, Владимир Димитриевиќ , Софија Колушоска се стигнати до четвретфинале на Евроспко првенство, додека Марио Крстески кој е освојувач на многуброји меѓународни медали ,ќе дебитира за прв пат на Европско првенствово сениорска конкуренција . Сите членови во текот на припремите , упорно се спремаа со цел да ја претсават нашата држава во најубаво светло, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство, сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали , па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф и предводник на нашата репрезенатција.

Исто така , Марјанчо Лазаревски корисити прилика да изрази најголема благодарност на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни досегашни успеси и за нивниот настап на ова Европско првенство,истотака најголема благодарност до Агенцијата а млади и спорт и општината Охрид, кои истотака се заслужни за нивниот настап на ова Европско првенство и вреднувањето на нивниот спорт.