Македонија

Kривична пријава за таткото на Цуфи Кока кој пукаше кај „Мавровка“ на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба” од чл.244 а, од КЗ на РСМ.

Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег”.

Станува збор за татко на Цуфи Кока кој пукаше кон демонстрантите за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ кај „Мавровка“ на 6 јули 2022 година.

А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба” по чл.244-а, во кое што е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон”.