Наш изборНаш ИзборОхрид

Стружанката Јована Мојсоска ќе биде носителка на изборната листа во петтата Изборна единица за партијата Левица

Стружанката Јована Мојсоска ќе биде носителка на изборната листа во петтата Изборна единица за партијата Левица.

Мојсоска е дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.

– Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесена штета врз државата, потенцираат од партијата.

Носител во ИЕ 1 ќе биде Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, во двојкатас партискиот портпарол Амар Мециновиќ, во ИЕ 3 – Борислав Крмов, пратеник и член на Президумот на Левица, Сашко Јанчев, магистер по кривично право ќе биде носител во ИР+Е 4, додека во шестката на врвот на листата ќе биде Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.

– Еднаш засекогаш ќе се спротиставиме на политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политиката моќ во рацете на работничката класа! Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници. Од нас сите зависи силата со која ќе спротиставиме и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владее над нас криминалот, корупцијата и профитот, потенцираат од Левица.

извор: ОхридПрес