Бојан Велевски и Марјан Георгиевски низ Македонија со стенд ап предизборна кампања!
Текстот “МОЖЕВМЕ (мало сутра) е на маестрото за политички хумор Божидар Божиновски, кој се покажа како добитна комбинација на минатата турнеја со Бојан Велевски.
Митинзите, како што ги нарекоа, се во сите поголеми градови низ државата, а темата на шоуто е предизборната кампања, македонското општество и менталитет и политичка култура.
Митингит во Охрид е закажан за 23ти март во Театар – Охрид, 20ч. Картите традиционално се во А2 тобако и Даблин паб (400 ден). До овој момент третина од салата е распродадена.
Ова е единствениот митиг на кој нема со сила да ракоплескате!
Влезот е без пасош, по моделот еден плус тројца неопределени!
Поврзани вести… Како помина послениот стенд ап на Бојан на 11 ноември …
https://ohrid1.com/archives/91589