Наш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Училница во природа за 24 ученици од 4то одделение од OОУ „Григор Прличев”, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина” со АКВАТЕК Охрид

Училница во природа за 24 ученици од 4то одделение од OОУ „Григор Прличев”, Охрид, со нивната одделенска наставничка, како дел од проектот “Зелена младина – Зелена иднина” 🌱, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид.

🌊Едукација на отворено, кај каналот Студенчишта, кој ги поврзува прочуените Билјанини Извори со Охридското Езеро. Природен канал кој е жариште на исклучителна биолошката разновидност и служи како мрестилиште и зимувалиште на рибите.

🌳 Во едно такво природно опкружување учениците самостојно го развиваа дрвото на проблемот со цврст отпад во Охридското Езеро и на тој начин ги извлекоа сите причини и последици кои произлегуваат од тој проблем. Тоа придонесе за надградување на нивните сознанија, збогатување на мотивацијата и формирање на адекватен однос кон животната средина.

🐟 При гостољубивиот прием во Хидробиолошки Завод Охрид PSI Hydrobiological Institute и набљудувањето на експерименталните базени, учениците слушнаа интересни податоци за Охридското Езеро. Преку едукативна видео презентација се запознаа со вештачкиот мрест на пастрмката, како еден вид борба за зачувување на рибниот фонд на овој загрозен ендемски вид риба.

👮 На самиот крај од оваа активност, ја посетивме и езерска полиција при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, каде од страна на командирот Zlatko Krusaroski и раководството, учениците дознаа повеќе за т.н. “мрежи духови”, кои претставуваат огромна закана за подводниот жив свет. Имаа можност да дознаат повеќе за работата на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро”, за нивната опрема која ја користат во текот на патролите.

👋 Исполнети со импресии и збогатени со нови знаења, задоволни се вратија на училиште, заедно со својата одделенска наставничка.

📌 Проектот “Зелена младина – Зелена иднина”, на Здружение Клуб за нуркање АКВАТЕК Охрид се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија Delegation of the European Union, Skopje, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK. Проектот “Зелена младина – Зелена иднина” е кофинансиран од Општина Охрид.