понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноОхрид

Охриѓанец загина откако кај Стража со возило удрил во друго паркирано возило, повредени државјани на Англија и Суринам!

– Денеска (14 февруари) околу 12 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на Стража, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Б.Н. од Охрид удрило во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП„Македонија пат“.

Во несреќата, возачот починал на самото место, а три лица – странски државјани од Англија и Суринам ( Јужна Америка ) се здобиле со повреди и пренесени се за укажување на лекарска помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид вршат јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.