понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноОхрид

Приведен Охриѓанец, осомничен дека нападнал вработен во Итната медицинска помош

На 01.02.2024 година во 19.20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, лишено од слобода е 57 годишно лице од Охрид. Тој се сомничи дека претходно, во просториите на Итната медицинска помош во Охрид, физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид