АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Автомобил удрил во диво прасе кај Рача

Автомобил удрил во диво прасе по што возачот изгубил контрола на возилото и удрил во столб од улично осветлување ( кој не бил во функција и веќе бил оштетен во некоја од стотиците сообраќајки кои се случуваат на овој булевар кој во луѓето е познат како „Автопат кај Рача“, а всушност е градска соообраќајница и се вика Булевар Свети Наум Охридски.

Неофицијално возачот поминал со лесни повреди.

Ова делница е во надлежност на МАкедонија Пат, а оваа сообраќајка е само уште една од безброј сообраќајни несреќи кои се случуваат на овој градски булевар, а каде низ децениите изгинаа голем број луѓе, а сеуште не се поставени т.н. „ легнати полицајци“