АктуелноОхрид

На ФБ отворена група за поддршка за Кардиологија Охрид и д-р Елена

На социјалната мрежа ФБ формирана е отворена група за поддржшка на д-р Елена Ковачевска од Кардиологија Охрид. Група ја има отворено Катерина Василеска.

Целта на оваа група е да ја поддржиме д-р Елена Ковачевска од Кардиологија Охрид во нејзината борба да го зачува интегритетот на болницата и да се избори против политичките притисоци од владеачките партии во моментов ( јануари 2024).
Од учесниците се очекуваат конкретни предлози како е најдобро да се постапи. дали со пишување писма до институции, дали со јавен протест пред Кардиологија Охрид, дали со реакции до партиите кои прават притисок за вработување, се вели во објавата на отворената група.

извор: ФБ Катерина Василеска