На 06.01.2024 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Струга, на кружниот тек од ул.„ЈНА“ со ул.„Маркс Енгелсова“, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 46 годишен Стружанец, удрило во 62 годишна жена од Струга.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.