По повод големиот христијански празник раѓањето Христово- Божиќ, градоначалникот Кирил Пецаков до граѓаните од православна вероисповед упати честитка со желби празнувањето да го поминат во весела и радосна атмосфера, славејќи ја љубовта, вербата и надежта.
– Драги мои сограѓани ви го честитам најголемиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ нека биде среќен и благословен полн со радост и мир. Исусовата љубов нека ве загрее, а неговата милост нека ви даде снага да го надминете секое искушение и предизвик.
Божиќ е празник кој ја симболизира љубовта, добрината, мирот и помирувањето го поттикнува духот на разбирањето, взаемното почитување и религиозните посебности. Ова е ден кога се истакнуваат семејните вредности, заедништвото и сплотеноста. Токму затоа посакувам овој празник да го минете со најблиските. Дарувајте љубов за да бидете љубени и имајте позитивна мисла за личен и напредок на луѓето околу вас.
Вербата, надежта и љубовта нека бидат нашите ѕвезди водилки во овој божиќен ден.
Честит Божиќ.