ЈЗУ Здравствен дом Вевчани е дел од проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, чија цел е унапредување на здравствените услуги и подобрување на условите за обезбедување итна медицинска помош.
Со оваа инвестиција се очекува да се придонесе за подобра опременост на здравствените установи, полесно и побезбедно извршување на работните задачи на медицинските екипи, како и побрза и поефикасна грижа за пациентите.
Вклученоста на Здравствениот дом во Вевчани во овој проект претставува значаен чекор кон подобрување на здравствената заштита и унапредување на достапноста на медицинските услуги за локалното население.
Инвестициите во современи амбулантни возила се важни за навремено реагирање во итни ситуации и за создавање подобри услови за работа на здравствените работници.
Унапредувањето на здравството и грижата за здравјето на граѓаните остануваат важен приоритет, се наведува во објавата.



















