Почитувани,
Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан-Отворен ден за грижа за стари лица на кој од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема нашата организација за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот во кој делуваме.
Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.
Со Вашето присуство ќе искажете почит и поддршка во поттикнување на јавниот и институционален интерес и дефинирање на конкретни ангажмани насочени кон подобрување на условите за живот и делување на старите лица.
црвен крст Охрид