И портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски како да крена л раце од решавање на проблемите преку институциите. Статусот од Димоски го пренесуваме во целост:
Се моли комшијата/комшивката што, (не) намерно, „елегантно“ се ослободи од ова тенџере, да си го земе и посоодветно да го истретира. Авторот на ова „ремек дело“, со герила акција, набрзина го спушти тенџерето до контејнерот-поставен на несоодветно место на нашата улица и мислел дека ќе остане непознат. Тенџерето, не предизвика мене и комшијта Климе, да ѕирнеме што има внатре. Маст имаше, скоро полно до горе која, очиглено, на комшијата со слаба еколошка наобразба и култура, му била вишак. Комши ( ИИИ ), ај со малку поголема љубов кон Охрид и со искрена решеност, контејнерот да не е депонија на нашата улица. Ак се мојт, комшиии…, напиша Димоски на ФБ.
извор: ФБ Стефан Димоски