понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

Пецаков: Преземени активности за изградба на тротоар од Рача кон Охрид

Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид. Затоа како одговорна Локална самоуправа презедовме активности за изградба на тротоар.
Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните зафати е ЈП “Нискоградба”.
Со овој зафат значително се зголемува безбедноста за движење на пешаците, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.