ОО на СДСМ конечно се огласи и го кажа својот став по однос на прашањата поврзани со Охрид и Унеско. Имено редакцијата на Охрид 1 уредно им испрати прашања пред неколку денови, а одговорот го добивме денеска по објавувањето на нашиот текст под наслов:МОЛК во СДСМ за катната гаража, пристаништето, плажите, патот до Св. Наум …
Инаку и покрај тоа што побаравме конкретни одговори на овие прашања:
ПРАШАЊА ИСПРАТЕНИ ДО СДСМ ОХРИД
1. Каков став има денес СДСМ за градбата на објектите на Плаошник ?
2. Каков став има СДСМ за идејата да се изгради жичница до врвовите на Галичица ?
3. Каков став има СДСМ во врска со концесионирањето на плажите ?
4. Каков став има СДСМ околу проектите за проширување на пристаништето во Охрид кои се стари 20 години, но не се реализирани ? ( за да нема забуни прашањето е за пристаништето кај плоштадот, а не се однесува на старото пристаниште пред Палас )
5. Каков став има СДСМ околу градбата на катна гаража на локацијата кај сегашниот паркинг до градскиот пазар ?
6. Кој е ставот на СДСМ за можноста да се изгради експресен пат од Охрид до Свети Наум ( да појаснам, тоа е сосема друг пат, во планината, кој би бил пофункционален од сегашниот на кој секое лето гинат по неколку граѓани и туристи )
На шесте конкретни прашања добивме многу краток одговор, поточно како што велат партски став со кој мора да признаеме дека се сложуваат сите.
Одговорот ви во пренесуваме во целост:
Најпрво дозволете ни да го изразиме нашето исчекување, како и исчекувањето на граѓаните, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков после 2 години да почне да гради барем еден проект од многуте ветени пред Охриѓани.
По однос на Вашите прашањата кои ги доставивте до нас, ставот на СДСМ е непроменет, мора да се запазат препораките на УНЕСКО за зачувување на културното и природното светско наследство на охридскиот Регион во целина, како едно од 36те културни и природни добра во светот запипшани на листата на УНЕСКО.
За СДСМ, а веруваме дека и за сите Охриѓани и граѓани на Македонија, овој статус, Охридскиот Регион не смее да го изгуби. И, затоа сите мора да се однесуваме со почит и внимание кон ова светско наследство кое имаме среќа да го имаме.
Неговото сочувување никогаш не смее да биде предмет на партиска или политичка волја. Тоа е со Закон заштитено, верификувано во светот и никој, ама баш никој нема право да му наштети.
Ставот на СДСМ е дека сите со заедничка волја и акција треба да го рехабилитираме она што е девастирано и да не дозволиме какви било зафати што макар и минимално би им наштетиле на убавината и реткоста на Охридскиот Регион, велат од ОО на СДСМ.
Поврзани вести …
МОЛК во СДСМ за катната гаража, пристаништето, плажите, патот до Св. Наум …
извор: Охрид 1