Задоволство и чест беше да се присуствува на целовечерниот свечен концерт со кој се одбележаа јубилејни 40 години од основањето на фолклорниот ансамбл „ОТЕКС фолк“ од Охрид.
Преку универзалниот јазик на орото и песната 40 лета овој ансамбал ја промовира нашата култура во Светот ширејќи мир помеѓу народите. Упатувам срдечни честитки до сите членови, играорци и музичари кои низ изминатите години биле чувари на нашата традиција и култура.
Посакувам уште многу успешни генерации на ансамблот и уште многу успешни концерти и турнеи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков