АктуелноОхрид

Затекнати 8 возачи под дејство на алкохол, одземени им се возачките документи

 

 

На 28/29.10.2023 во перидот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-04, Кичево-01).

Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.