недела, ноември 24, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Силен дожд пропратен со град утрово во 4:40 го погоди Охрид

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Невремето ја зафати и Македонија.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.

-Пообилни врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени, најави УХМР.

И познатиот метео прогнозер, Славчо Попоски неколку дена највуваше дека под влијание на силен Џеновски циклон, како и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, денеска попладне и навечер, во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија, и тоа поради високите температури овие денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд.