понеделник, ноември 25, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Охрид домаќин на втората глобална конференција „Јас сум жена“

Во текот на изминатиот викенд, Охрид беше домаќин на Втората глобална женска лидерска конференција „Јас Сум Жена“. Дводневниот настан беше организиран од страна на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум Жена“ од Скопје, со кое реководи охриѓанката Ана Дукоска, како претседател.

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со организаторите на конференцијата, при што беше потенцирано дека Локалната самоуправа ја поздравува иницијативата на настанот и позитивно ги вреднува целите на здружението. Во името на Општина Охрид на конференцијата активно учество зеде советничката Ана Крстеска.

Конференцијата „Јас Сум Жена“ е од едукативен и вмрежувачки карактер и беше посветена на позицијата на жената во современото македонско општество, предностите и предизвиците со кои се соочуваат жените кај нас и во светот. Темите на конференцијата беа поделени во четири панел дискусии, секоја од нив беше претставена преку истакнати и етаблирани жени во професионалната кариера, со забележан успех во балансирање на професионалните ангажмани и приватниот, но и севкупниот социјален живот.