среда, ноември 20, 2024
АктуелноОхрид

Пецаков: Реализирани се низа активности за подобрување на условите за изведување на наставата во подрачното училиште на ООУ „Свети Наум Охридски“ во село Трпејца

Реализирани се низа активности за подобрување на условите за изведување на наставата во подрачното училиште на ООУ „Свети Наум Охридски“ во село Трпејца, кое претходно беше во многу лоша состојба. Извршена е санација на таванот, обновени се и молерисани внатрешните ѕидови, поставен е ламинат на подовите, а претходно беше извршена и промена на дограмата во училишните простории, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Иако Министерството за образование и наука пред долги години презеде обврска за изградба на ново училиште во селото Трпејца, тоа не се случи. Ние како одговорна Локална власт континуирано преземаме мерки за обезбедување на подобри услови за учениците во ова населено место, а ќе продолжиме и во иднина да работиме за создавање на подобри услови во сите училишни објекти на територијата на Општина Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков