сабота, ноември 16, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Кривична пријава за Охриѓанец кој како вработен во НП Галичица, уништувал записници за сеча на дрвна маса над Трпејца и наплаќал во готово

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишно лице од Охрид поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

Тој, од 2020 година во својство на службено лице- вработен во Националниот парк „Галичица“, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера“, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација.

извор: СВР Охрид