четврток, ноември 28, 2024
ВидеаВидеоМагазинОхрид

(ВИДЕО) Нова песна “Жал за Ефтина” соработка на охридски и скопски рапери

Охридските рапери Бед Контракт, Багзи, Топал како и јутуберот Вик Какаротски снимија нова песна заедно со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика од Скопје.

Насловот на песната е “Жал за ефтина” и е инспирирана од поема на Роксан Казанова, а самата тематиката е остра осуда на жените кои за материјална корист(КАМЕЊАРКИ/ГОЛДДИГЕРКИ) се спремни да си ја продадат душата и телото. Песната се снимаше во МВП студиото во Охрид,
музиката е на Пука Козметика и Наум Доловски – Мечка кој го изработи и аранжманот, додека текстот е на сите споменати рапери.

Видео спотот се снимаше на повеќе локации низ Охрид
Режија : Дарко Масларковски, Жарко Масларковски, Наум Долоски, Вик Какротски
Монтажа : Жарко Масларковски и Вик Какаротски

 

https://www.youtube.com/watch?v=eDLwF-rOq2A&ab_channel=toksikologijatv