Со пораки за оставка на старото раководство на Здружение на пензионери на Р. Македонија, итно да се донесе нов Закон за пензии, линерано зголемување на пензиите, пензионерите од Охрид денеска повторно се собраа на протест пред Здружението на пензионерите. Велат бараат процентуално зголемување на пензиите кое ќе значи достоинственен живот, особено за тие со ниски примања.
-Бараме итна измена на Законот и линеарлно зголемување на пензиите, бидејќи се ова што го нудат тие процентуално е катастрофа за 80 илјади пензионери, тотална катастрофа и со средните пензии исто така. Процентуалното зголемување води кон класни разлики, затоа бараме линеарно зголемување на пензиите. Ако продолжат вака ќе имаат 200 илјади пензионери на протест во Скопје, изјави Кирил Јосифоски, пензионер од Охрид.