АктуелноОхрид

СВР за пукањето на свадба во Охрид – По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава

На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид,60 годишен жител од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри. Притоа, 39 годишно лице од Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од лицето одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид